петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 67

Бакрачески: Опозицијата работи против интересите на Охрид

bakracheski-press

Последни вести

Денешната 56 Седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на неизгласувањето точка за дополнување на дневниот ред, која се однесуваше на усвојување на програмата за поставување на времени објекти на територијата на општината. Иако за изготвувањето на програмата, според градоначалникот Никола Бакрачески беа потребни повеќе од две години интензивна работа, од неразбирливи причини опозицијата не се согласи дневниот ред  да биде дополнет.

Јас не би сакал да шпекулирам со претпоставки, зошто тоа не е мој стил. Тоа е стил на некои советници, меѓутоа од текот на  расправата за ставање на дополнителни точки на дневниот ред, меѓу кои  и точката за програмата за поставување на времени објекти и од начинот на кој што опозицијата гласаше против предложениот дневен ред или повторното нивно инсистирање за поименично гласање, што секако и деловничко право, а притоа да не кажат ниту еден збор или реченица образложение зошто се против ставање на ваква точка на дневен ред, јасно укажува дека се работи за тенденција, изјави Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески посочи дека и во минатото имало слични ситуации со изјаснувањето на советниците по одредени прашања, но ова е еклатентен пример за гласање против интересот на граѓаните.

Локалната самоуправа веќе три години наназад работи на потребата од донесуваење на програма за поставување на времени објекти, со оглед на тоа што години наназад ниедна локална власт пред нас не се однесувала одговорно кон јавните добра односно кон државниот или општински имот, во кое што спаѓа и земјиштето кое се наоѓа под времените објекти. Знаете дека воопшто никој не покажал грижа за ова земјиште  со години наназад да го наплатува надоместокот кој што корисниците на времените објекти требало да го плаќаат на сметката на Општина Охрид. Поранешните власти со нивната индифирентност им овозможувале противправна корист на корисниците на тоа земјиште. Ние во текот на овие две години имавме тешка задача да ја поминеме програмата за времени објекти во разни инстанци на Министерството за транспорт и врски кое е надлежно за давање согласност на ваквата програма. После две и пол години работа на оваа програма и морам да признам голем дел од ова време го потрошивме на  совладување на бројни опструкции на различни институции и поединци – успеавме да ја усогласиме и на крај да ја добиеме согласност од Министерството за транспорт и врски. Конечно, преку усвојување на седница на  Советот на Општина Охрид сакавме да ја спроведиме програмата, после неколку децении беззаконие и анархија во овој дел од секојдневното живеење и од функционирањето на локалната самоуправа. За жал и покрај тоа што ваквата иницијатива после две и пол години стигна пред советниците, се соочивме со ситуација претставниците на опозицијата без никакво образложение да гласаат против предложениот дневен ред.Коректно беше за јавноста, ако веќе не за советот на Општина Охрид, да образложат зошто се против ставање на една ваква точка на дневен ред. Јас можам да искажам само мои сомнежи дека се работи за задкулисни игри или за тенденции кои што го штитат и понатака приватниот интерес, на штета на општиот интерес на Општина Охрид и на граѓаните на Охрид. Се разбира, јас не сум истражен орган тоа да го истражувам, меѓутоа самиот тек на седницата и однесувањето и гласањето го покажа тоа. Зошто нема ниту една причина која би одела во прилог на неизгласувањето на точката да биде ставена на дневен ред, а која ги регулира несредените односи или беззаконието  кое владееше со децении  во делот на користење на општинско земјиште на кое беа поставени времени објекти. Тоа јасно укажува дека опозицијата во општинскиот совет и понатаму ги штити приватните интереси на поединци на штета на интересите на Општина Охрид, заклучи градоначалникот Никола Бакрачески.

Најчитани вести