Бакрачески во Европскиот суд на правдата и Советот на Европа

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески продолжува со успешната посета на Стразбур , остварувајќи средба со Генералниот секретар на Конгресот за локални и регионални власти при советот на Европа – Андрес Киефер.
На средбата со Киефер беше разговарано околу имплементацијата на европските стандарди на локално ниво во делот на борбата против корупцијата во локалните институции.

На средбата договоривме оваа есен Охрид да биде организатор на работилница за борба против корупцијата на која би поканиле претставници на локалните власти од југозападниот плански регион и пограничните региони на Албанија и Грција. Договорено беше и наши кадри да одат во конгресот и да се едуцираат во делот на имплементација на стандардите на ЕУ на локално ниво – изјави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Бакрачески денес ги продолжува средбите во Стразбур, каде ќе го посети и Европскиот суд на правдата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.