Бакрачески и Мисајлоски на увид во ТИРЗ Струга

Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески, министерот за транспорт и врски ,  Владо Мисајлоски  и  заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Ванчо Костадиноски, со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување,  денеска беа на терен  кај Технолошко Индустриската развојна зона- Струга.

Целта на посетата беше да се   констатира  во каква состојба се коритата на  реките Рибница и Сатеска  при што  беше заклучено дека неопходно е чистење и пробивање на речните канали  со цел  да не се повторат поплавите кои на опфатот ТИРЗ –Струга беа карактеристични пред неколку месеци.

На средбата беа слушнати мислењата и на  поедини  локални земјоделци кои поседуваат земјишта околу двете реки во врска со обезбедување пат за пристап на механизацијата до потребните места за чистење.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.