Бакрачески: Очекувам двојна победа

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, пред почетокот на предисборниот митинг на ВРО-ДПМНЕ во Охрид, изрази надеж дека предноста на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов во вториот круг ќе биде уште посилно изразена. За него, резултатите од синоќешното гласање за иден претседател на земјава не биле изненадувачки и очекува двојна победа.

„На овие избори, како и на минатите, имаме судир на два диаметрално спротивни концепти. Од една страна ВМРО-ДПМНЕ, со конзистентни ставовови по политичките и општествените прашања, 2046 изборни проекти со усвоена динамика и рокови. Од друга страна, декомпонирана, безидејна, деструктивна опозиција. Една затвореност, без продукција на проекти“, истакна Бакрачески.

Тој говореше за низата инвестиции и остварени проекти во Охрид.