Бакрачевски со Путин и со Обама во Париз на одбележување на десантот на Нормандија

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачевски е еден од балканските политичари кои во Париз учествуваат на церемонијата за одбележување на 70 години од истоварувањето на сојузничките војски на Нормандија, јави „Република“.

Бакрачевски денеска заедно со рускиот претседател Владимир Путин, американскиот Барак Обама и со десетина други шефови на држави и влади и други јавни личности, ќе биде дел од јубилејот кој го одбележува Денот Д, односно десантот на Нормандија во Втората светска војна, кој се смета за пресвртна точка во втората светска војна по која Германија веќе ја губи контролата на состојбата во Европа.

На церемонијата покрај Путин и Обама, учествуваат и лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Канада.