Спорт

Балак кажа што очекува од Лев

Балак кажа што очекува од Лев

Легендарниот репрезентативец на Германија, Михаел Балак испрати јасна порака до актуелниот селектот на популарните „панцири”, Јоаким Лев, дека по завршувањето на престојниот Мундијал во Бразил, мора да се повлече од селекторската функција без разлика дали Германија ја има освоено или ја нема освоено светската титула.

„Лев доби нов договор поради една причина, а тоа е да нема никакви шпекулации околу неговата иднина за време на подготовките и за време на Мундијалот во Бразил. Станува збор за многу мудра одлука која ја донесоа раководните лица на Фудбалската федерација на Германија. Сепак, Лев мора да стави крај на својата селекторска кариера веднаш по завршувањето на Мундијалот. Ќе биде под голем притисок и не е важно дали Германија ќе слави во Бразил или нема да успее во таа намера”, изјави поранешниот фудбалер на Баер од Леверкузен, Баерн Минхен и Челзи, Балак.