Балетот „Дамата со камелии“ вечер во МОБ

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, под диригентство на Бисера Чадловска.

„Дамата со камелии“ е најновата балетска продукција, која својата премиера ја имаше минатиот месец.

Кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, костимите и сценографијата се дело на Павол Јураш од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат Мими Поп Алксова-Атанасовска и Бобан Ковачевски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.