Балетот „Рајмонда“ в сабота во МОБ

Во сабота, 29-ти март, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Рајмонда“, еден од бисерите на балетската класика.

„Рајмонда“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Марија Кичевска Шокаровска и Бобан Ковачевски. Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Украина, Иван Бојко. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи нашето атеље, под менторство на гостите од Украина: Гана Ипатиева и Андреј Злобин.