Магазин

Балетот „Жизел“ во МОБ в среда

Балетот „Жизел“ во МОБ в среда

Романтично- фантастичниот балет во два чина „Жизел“, ќе се изведе в среда во Македонската опера и балет.

Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од  ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување. Во „Жизел“ – на  петти овој месец ќе настапат:  Марија Кичевска Шокаровска, во насловната улога,Алберт: Бобан Ковачевски,Хиларион:Игор Веланоски, Мирта: Марта Петкова (Примабалерина – Софија),Па де де:Ангела Велевскаи Јан Кисилев, Оружоносец:Драган Пандиловски.

Настапуваат: Комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски (Русија), додека диригент е Бисера Чадловска.