Балетската претстава „Дамата со камелии“ на сцената на МОБ

Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Дамата со камелии“, на музика од Џузепе Верди, со драматуршката подлошка земена од неговата популарна „Травијата“.

Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на на гостинот од Русија, Василиј Медведев, а костимографијата и сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили заедно со солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.