Балетската претстава „Рајмонда“ во МОБ

Балетската претстава „Рајмонда“ ќе биде изведена в среда со почеток од 20 часот во Македонската опера и балет.

Еден од бисерите на балетската класика,„Рајмонда“, е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Абдурахман, ќе настапи гостинот од Украина, Иван Бојко. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

„Рајмонда“ е претстава со прекрасни костими и спектакуларна сценографија, што ги изработи нашето атеље, под менторство на гостите од Украина: Гана Ипатиева и Андреј Злобин.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.