Бали бег заврши во болница

Бали бег заврши во болница и итно беше опериран. Харизматичниот турски актер Бурак Озчивити, познат по улогата на Бали бег од „Сулејман величествениот“ поради болки во грбот во неделата на 13-ти септември од сетот на серијата Кара Севда итно бил пренесен во болницата „Флоренс Најтингел“.

Иако на почетокот неговите здравствени проблеми не делувале сериозно, на актерот му е опериран рбетот, а операцијата траела цели шест часа.

Бурак со вереницата
Бурак со вереницата

Сепак по шест дена Бурак се појавил на снимањето затоа што не сакал поради неговите здравствени проблеми да биде одложен почетокот на емитувањето на серијата.

Тој сега е пуштен на домашно лекување, а за него се грижат неговата мајка и вереницата, актерката Фахрија Евжен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.