Спорт

Балиќ уште една година во Вецлар

Балиќ уште една година во Вецлар

По распадот на Атлетико Мадрид, еден од најдобрите ракометари во светот Хрватот,  Ивано Балиќ замина во германскиот клуб Вецлар. Иако оваа полусезона имаше повреда и се шпекулираше дека ова е крајот на неговата кариера, тој не се откажува  лесно од ракометот и одлучи да го продолжи својот договор со Вецлар.

„Презадоволен сум бидејќи постигнавме договор да останам уште една сезона во Вецлар. Не можам да опишам колку удобно се чувствувам како член на овој клуб, кој е организиран на највисоко ниво. Сметам дека на средбите на кои играв се покажав во добро светло, но би сакал во новата сезона да играм уште подобро и да помогнам во остварувањето на клупските цели“ – изјави Ивано Балиќ.

Вецлар се наоѓа на 10. позиција, а ако го совлада Гепинген во последното коло може да се помести и во првата половина на табелата.