Економија

„Балкан петролеум“ ја предаде документацијата за дозвола на Комисијата за хартии од вредност

„Балкан петролеум“  ја предаде документацијата за дозвола на Комисијата за хартии од вредност

Компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед, во понеделникот (4.07.2016), официјално го поднесе барањето за издавање на дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“ врз основа на законот за преземање на акционерски друштва до Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија.

Меѓу документацијата со барањето е испратена и понуда за преземање, проспект за преземање како и останата документација согласно законот, која ќе послужи за верификација на податоците во процесот.

Според член 31 од законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност во рок од 10 работни дена од денот на поднесување  на комплетната документација ќе треба да се произнесе со својот став во врска со дозволата.

Само за потсетување, компанијата „Балкан петролеум холдинг лимитед, на 09.06.2016 објави намера за преземање на „Макпетрол АД Скопје“ и со таквиот чекор ја започна процедударата за преземање на истоимената компанија.