Балкан

Актер од „Деца на сонцето“ усмрти пешак

Актер од „Деца на сонцето“ усмрти пешак

Актерот Емир Хаџихафизбеговиќ, кој глуми во филмовите „Караула“ и „Деца на сонцето“ предизвикал сообраќајна несреќа во која животот го загубил пешак.

Несреќата се случула вчера вечер на автопатот А3 во близина на Загреб, кога најпрво невнимателен возач ги срушил знаците за предупредување кои означувале дека на автопатот се работи, а потоа побегнал од местото. Малку подоцна на тој дел налетал друг автомобил на кого во моментот му покнала гума. Во него имало маж и две жени кои излегле од автомобилот и почнале да ја менуваат гумата. Но тука не завршила драмата.

На нив налетал автомобил со кој управувал актерот. При ударот една од жените била потешко повредена, а за жал подоцна во болница им подлегнала на повредите.

– Не сум сериозно повреден, но не можам да зборувам, рекол актерот во телефонски разговор за Дневник Аваз.