Еди Рама: Албанија и Косово се обединуваат преку Европската унија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјавил дека со потпишаните договори меѓу Албанија и Косово потврдено е националното обединување преку Европската унија, објави МИА.

– Сакам да кажам дека ова претставува наше национално обединување преку ЕУ – изјави Рама на заедничката прес-конференција со косовскиот премиер Иса Мустафа во Тирана, по потпишувањето на 11 договори.

Договорите се однесуваат на безбедноста, на културата, на образованието и на земјоделството.

Рама истакна дека посебно значаен е договорот за заеднички образовен систем, што според него е основа за ангажирање на образовните институции да функционираат како „единствена сила на еден народ на патот кон европските интеграции“.

Албанскиот премиер најави заедничко отворање на Конзулат во Милано.