Балкан

Грција го усвои буџетот за следната година

Грција го усвои буџетот за следната година

Конзервативно-социјалистичкото мнозинство, на чие чело е Антонис Самарас, ја доби поддршката од поголемиот број пратеници во парламентот за предложениот буџет со кој што се предвидува крај на рецесијата која што во оваа земја трае од 2008-ма година.

Буџетот бил усвоен со 153 гласа „за“ и 142 „против“.

Во корист на овој буџет гласале партиите Нова Демократија и ПАСОК.

Со буџетот за 2014-та е предвиден економски раст од 0,6 отсто, по падот за четири отсто во тековната година.