На гробот на Туѓман се уби фотографот кој го следеше претседателот

Мажот кој во понеделникот извршил самоубиство на гробот на првиот хрватски претседател, според неофицијалните сознанија, е загрепски фотограф кој со објективот го следел во 1990-те години а исто така фотографирал и во кабинетот на Фрањо Туѓман.

Неговите фотографии, меѓу другото, се објавувани и во фотомонографии за претседателот Фрањо Туѓман, како и во уште неколку печатени изданија, пренесува службената агенција Hina.

Името на жртвата, меѓутоа, не е објавено.

Според првичните информации, мажот најверојатно се застрелал од огнено оружје, но околностите во кои се одиграл овој инцидент би требало да бидат познати по целосното завршување на увидот, соопшти загрепската полиција.

Неофицијално се дознава дека самоубиството го извршил со пиштол, со еден истрел во главата на самиот гроб на Туѓман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.