Падна авион во Словенија

Меѓу загинатите во несреќата на помал авион кој во неделата попладне се сруши по неуспешно полетување близу Дивача во западна Словенија, биле иден младоженец и неговиот кум. Тие требале да заминат во Порторож каде што требало да се одржи ергенска вечер, пишуваат словенечките медиуми.

Освен тие, загинал и нивниот пријател познат словенечки рок музичар и пилот Алекс Делфин, кој не успеал доволно високо да го подигне авионот од типот Робин ДР400. При залетот ја удрил пистата со крило, по што авионот се запалил.

Се претпоставува дека причината за несреќата е од техничка природа. Истрагата за несреќата и понатаму трае.