Балкан

Во Атина протест за „да“ на референдумот во недела

Во Атина протест за „да“ на референдумот во недела
Во Атина протест за „да“ на референдумот во недела

Десетици илјади Грци синоќа побараа Грција да остане во еврозоната и Европа, за време на демонстрации во центарот на Атина во корист на гласање „да“ на референдумот во недела.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, „Да !“, „Ние остануваме во Европа“, „Грција, Европа, демократија“ беа меѓу најчестите слогани што ги извикуваа демонстрантите кои се собраа она плоштадот Синтагма, пред грчкиот Парламент.

За време на протестот, говори одржаа поранешниот олимписки шампион Пирос Димас, градоначалник на Атина Јоргос Каминис, градоначалникот на Солун Јанис Бутарис и претседателот на синдикатот на локалните власти, Јоргос Патулис.