АНАЛИЗА: Балканот е следното (виртуелно) бојно поле меѓу САД и Русија

Балкан Македонија

Интересот на САД за Балканот некогаш е помал, некогаш поголем. Сега е време повторно да биде поголем. Балканот е во заден план на САД, и тоа од крајот на ерата на Бил Клинтон навака. Инвестирањето во влијанието и демонстрирање на влијание во регионот треба да биде повеќе од второстепена тема на дневниот ред на сегашната претседателска администрација во Вашингтон.

Малкумина би спореле дека мирот и стабилноста на западна Европа не се витален интерес за САД. Најголема надворешна закана за стабилна Европа е рускиот претседател Владимир Путин. Балканот е игралиште за лоши играчи и најверојатно ќе стане зголемен приоритет за нив. Прекинувањето на тие непријатности, пред да излезат од контрола, е најлогичното нешто.

Сенката на Кремљ

Русија се меша во Европа и позициите на Москва спрема САД стануваат се’ повеќе непријателски. Путин има ограничени можности да го провоцира Западот. Тоа го прави Балканскиот полуостров возможна цел за руско мешање.

Украина е активен и исцрпувачки конфликт, но донекаде е и замрзнат. Путин не успеа да ја исполни спогодбата од Минск и има ретка можност договорот од 2015 година, често нарекуван Минск 2, да донесе мир. Се разбира тоа не исклучува зголемен обем на војување.

Моментно, има присуство единствено Минск 2. Во меѓувреме САД и европјаните јасно сигнализираа дека санкциите ќе бидат ревидирани повремено, и мала е веројатноста тие да бидат релаксирани или целосно повлечени. Високи претставници на администрацијата на САД сигнализираа дека поддршката за Украина продолжува. Во февруари, годинава, американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД нема во скоро време да ги тргнат санкциите. Само една недела подоцна, Трамп ја повтори поддршката за Украина, во писмо до литванскиот претседател. Слични ставови искажа и државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон.

Според повеќето политиколози, две недели откако седна во претседателскиот стол на САД, Трамп завзеде цврсти и активни дипломатски позиции, многу слични на оние на неговиот претходник Барак Обама. Тој развој на настаните му дава многу мал простор на Кремљ за да ги извршува своите лудории во Украина, без при тоа дополнителни да ги насочи против себе американците и европјаните.

Исто така, опциите на Путин во Балтичкото море не изгледаат добро. Руската активност – од распоредувањето на војници во Белорусија, па преку енергетската уцена, потоа преку сајбер нападите, и се’ до агресивноста во дезинформирањето и активните настани го стави регионот во состојба на штрек. И да, навистина, приказните за воено вмешување на Москва достогнаа до едно ниво, кое не е видено од крајот на Студената војна.

Русија разви можност да почне напад врз Балтичките републики само 24 часа по издавањето на наредба за тоа, пишува во неодамнешен извештај на литванското разузнување.

Ова предупредување е дополнето со извештај и од корпорацијата РАНД, која дојде до заклучок  дека Русија може да ги окупира трите земји за само неколку денови, дури и со вмешување на НАТО.

Од друга страна, Алијансата одговори со уверување дека нема да допушти поголема руска улога во регионот. Скандинавските држави јасно ставија до знаење дека ги сметаат Балтичките републики за свое предворје на безбедноста. НАТО го зголеми распоредувањето на свои војници, и ги зачести воените вежби во регионот, а истовремено ја отпочна и својата мисија со патролирање преку тамошното воздушно пространство. Во меѓувреме регионот продолжува со напори за намалување на својата зависност од руските енергетски извори. Центарот на НАТО за енергетска безбедност е во Литванија. Центарот на НАТО за стратешки комуникации е во Летонија. Центарот на НАТО за сајбер безбедност е во Естонија.

Накратко Русија привлече внимание и поддршката за Балтичките републики привлекува, како што магнетот ги привлекува железните струготини. Тоа уште повеќе ги крева влоговите пред Путин, ако сака да продолжи со мешање.

Неговите можности за дејствување во Грузија се исто толку несигурни. Девет години по руско-грузиската војна, Москва сеуште незаконски окупира околу 20 отсто од територијата на Грузија. Окупираните региони Абхазија и Јужна Осетија, постепено се интегрираат во руската федерација. Но, и покрај напорите на Русија за забавување на интеграцијата на Грузија во евроатлантската заедница, сепак Тбилиси забележа добар прогрес. Земјата има блиски односи со НАТО, а исто така доби и безвизно патување за своите граѓани во земјите од Европската унија. Кога Русија дозволи војската на Јужна Осетија да се присоедини кон нејзината армија, веднаш стигна остра осуда од САД.

Опкружувањето на Европа преку Блискиот Исток, исто така, е малку веројатно. И покрај тоа што Русија воспостави свое големо воено присуство во Сирија, тешко е да се претпостави дека Путин ќе го рашири тоа во целиот регион. Дури и зголемувањето на улогата на Русија во Либија изгледа дека повеќе е насочена кон опипување на слабостите, отколку кон било што друго. Проблем за Путин е што идната американската политика во Блискиот Исток ќе биде нешто сосем различно од тоа, на кое бевме сведоци во изминативе осум години. Наместо да се повлечат, САД најверојатно во мај, годинава, повторно ќе земат нов залет, засилувајќи ја антииранската коалиција и преземајќи поголеми напори да се справат со екстремизмот во регионот. И додека САД одново стануваат доминирачки актер во Блискиот Исток, просторот за Путин ќе се намали.

Битката за Балканот

Ако Путин одлучи да го следи патот на најмал отпор, тогаш тој може да се заложи за Балканот. Полуостровот содржи неколку региони, кои можат да станат вистински извор на непријатности. Ова се некои од главните грижи:

  1. Нерешената ситуација меѓу Србија, Хрватска и Косово. Приказните за минијатурниот натпревар во вооружување може и да се исфорсирани, но без никаков сомнеж тензиите се зголемени. Србија објави дека добива борбени хеликоптери од Русија. Косово се заканува дека ќе направи сопствена армија. И во средината на целата оваа приказна се сместени близу 5.000 војници на НАТО.
  2. Кризата во Македонија. Руското вмешување, корупцијата, споровите со Албанија и конфузното реагирање на САД зготвија еден многу токсичен коктел. Москва би ги искористила тензиите за да ја исфрли малата држава надвор од орбитата на Западот.
  3. Буричкањата во Босна и Херцеговина. Сепарастичкото движење во Република Српска, кое постојано напредува, се заканува повторно да ги разгори поделбите, кои беа скротени од 1995 година до сега со Дејтонскиот мировен договор. Путин изгледа подготвен да долее бензин во овој пепел кој тлее.
  4. Лошо во Црно море. Путин би сакал Црно море да биде руско езеро. Точка по ова прашање.

Време е САД да ја засилат својата улога

САД треба да го сопрат руското вмешување на многу фронтови. Во некои клучни реони новата администрација веќе ја демонстирта својата воља да ги заштити основните интереси на САД, вклучително заштитата на трансатланстаката заедница. Но, сепак Балканот останува слабо место во трансатлантската политика на Вашингтон. Треба да бидеме многу поактивни таму, и колку побрзо тоа се случи, толку подобро.

Има дузина места каде САД треба да се вмешаат. Наместо директно да се судира со Русија, Вашингтон треба да ги острани малиционзните и злонамерни напори на Путин, фокусирајќи се на самиот регион, а не врз лошото однесување на Кремљ.

  • Подобрување на владеењето и намалување на корупцијата. САД и ЕУ можеби треба да се соединат во дејствувањето и да ги зголемат напорите во градењето на посилни, подемократски, ефективни и отпорни општествени и приватни иснтитуции во регионот.
  • Засилување на економските слободи. Нема друг дел од Европа, каде има поголема потреба од економски реформи. Некои балкански држави се на дното на листата на економски слободи. Реформи во политиката во тие сфери, може да доведе до многу побрз економски раст.
  • Борба против транснационалниот криминал. Трговијата со луѓе и со дрога, перењето пари и други форми на организиран и транснационален криминал се широко распространети на Балканот. Таа дејност дестабилизира и треба да се справиме со неа.
  • Превенција од транснационален тероризам. Исламистичките терористи го вперија својот поглед кон овој регион. Италијанската полиција откри исламистичка ќелија, во која имаше најмалку еден косовец. Неколку стотици лица од регионот се борат на страната на џихадистите во Сирија и во Ирак. Соработката на антитерористичките сили на балканските држави треба да стане рутина.
  • Поддршка на регионалната соработка. САД треба да ја окуражи иницијативата „Јадранска петорка“, која ги вклучува Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Албанија. Такви иницијативи градат доверба и регионална солидарност. Тоа ќе ги намали регионалните тензии и ќе ја отстрани руската стратегија „раздели па владеј“.
  • Поддршка на енергетската диверзификација. САД треба да го поддржат Трансјадранскиот гасовод, како и другите слични проекти, и да доведат до полиберален енергетски пазар.
  • Менаџирање на бегалската криза. Неконтролираната масовна миграција претставува смртна и дестабилизирачка закана, како за регионот така и за цела Европа. Трансатлантската заедница треба да работи заеднички за да се справи со хуманитарните проблеми на Блискиот Исток и да го намали детсабилизирачкиот конфликт и трговијата со луѓе, кои го потхрануваат протокот на луѓе од југ кон север.

Меѓу индиферентноста и воената интервенција има конструктивен простор, кој САД можат да го пополнат. Дејството во рамките на овој простор ќе ги отежни руските напори да ја дестабилизира Западна Европа. Ова треба да биде главен приоритет на Вашингтон.

Автор: Џејмс Карафано за The National Interest

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.