Македонија

Балканот го очекува силно невреме

Балканот го очекува силно невреме
Попладне нестабилно време во западните и северните делови

По неколку “пеколно” топли денови, доаѓаат силни врнежи проследени со грмотевици и обилни дождови, пренесува Телегрф.рс.

Според прогнозите на метеоролозите, Балканот го очекува уште еден студен бран, со врнежи за време на викендот. Покрај Балканот, погодени ќе бидат и Италија и Австрија. За невремето посебно треба да се подготват Словенија и Хрватска, бидејќи таму студениот бран ќе погоди најсилно.

Најголемо количество на дожд се очекува во сабота навечер.

Наредната седмица во балканскиот регион се очекува нестабилно време со врнежи, што не е невообичаено за овој период од годината.