Балканот плива во оружје од 90-тите!

Во земјите на Балканот милиони парчиња илегално оружје и понатаму се наоѓаат во рацете на граѓаните, а најчесто станува збор за наследство од војните во Хрватска, Босна и во Косово, известуваат црногорските медиуми, пренесува Танјуг.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора, во држават се регистрирани околу 87 парчиња оружје.

Генералниот директор на Директоратот за управни внатреши работи на МВР Црна Гора Абида Црновшанин, бројот на илегалното оружје е непознат.

Во ноември 2014 година, црногорското МВР, УНДП, ОПСЕ и Центарот за демократска транзиција покренаа кампања „Почитувај го животот, врати го оружјето“, за да ги информираат граѓаните за штетните последици на нелегалното чување на оружјето.

БиХ е оптеретена со истиот проблем, а е во посед на граѓаните, според неофицијалните податоци, има околу 750.000 парчиња илегално оружје, што значи дека секој петти жител на БиХ има илегално оружје.

Во Хрватска, освен легалното оружје кое служи за лов, спорт и самоодбрана на теренот и понатаму има големи количини различно огнено оружје и експлозивни направи останати од војната.

Од 2007-ма година стапи на сила акција во склоп на која граѓаните им е овозможено оружјето да го предадат во полиција без санкција.

Според хрватското МВР, на крајот на 2014 година, жителите на Хрватска поседувале околу 280.000 парчиња огнено оружје.

Од почетокот на акцијата за легализација на оружјата што ги поседуваат грашаните од 4-ти до 26-ти март годинава во Србија се предадени 619 парчиња оружје, 137 бомби и минско експлозивни средства, а поднесени се 385 барања за регистрација на оружјето. Процените се дека во Србија сеуште има и до 900. 000 парчиња оружје.

Се верува дека и понатаму голем број граѓани во Косово поседуваат илегално оружје, кое останало од војната во 1999 година, а според некои процени, во Косово околу 80 отсто од оружјето се поседува без дозвола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.