Балканот под вода: Дали поплавите ќе ни станат секојдневие?

На Балканот годинава се случија најголемите поплави на овие проостори, како што можеби немало во последните 100 години. Дали овие катастрофи ќе станат секојдневие?

По, обилните дождови што летово ја зафатија Србија, Македонија, БиХ, Бугарија, Хрватска, опасност од ново невреме се’ уште има, особено по поплавите од изминатата недела, кои направија хаос, а однесоа и неколку жртви.

poplava hrvatska

 

poplava hrvatska1

Новиот циклон „Талија“ во БиХ повторно  поплави неколку општини, а во Црна Гора невремето предизвика проблеми во повеќе градови, особено во Бар и во Улцин.

Силни грмотевици проследени со пороен дожд изминативе денови  зафатија голем дел од Далмација. Најлошо било во Водице, Шибеник, Сплит и Макарска.

Пороен дожд го зафати и Дубровник. А, најмногу дожд падна во Трибуња каде што  наврнало 170 литри на метар квадратен. Поради големите поплави кои ја погодија Хрватска, проблеми има и во железничкиот сообраќај.

poplavi bugarija22

Во Словенија, каде што во поплавите едно лице го изгуби животот, водостоите на реките стагнираат , но сепак, се’ уште е прогласен „црвен“ аларм во сливот на Крка.

Поплавите кои се случија во Источна Србија нанесоа голема штета во општините Кладово, Мајданпек и Неготин. Делови на Источна Србија останаа без струја и вода, а многу места се отсечни  поради  надојдената вода која ги поплавила патиштата.

Обилните врнежи кои ја погодија околината на Бор, предизвикаа излевање на реките како и поjава на лизгалишта во планинските предели.

Повеќе од 300 жители се евакуирани од Текија. Надојдената вода со голема брзина носела се пред себе. Искорнати се дрвја, огради, а оштетени се и многу автомобили.

Поројните дождови во Бугарија изминатата недела поплавија повеќе од 70 населени места, а тројца се удавија во регионот на Бургас.

Според бугарските медиуми, во Бургас за помалку од 24 часа, наврнале 176 литри дожд на квадратен метар. Во јуни, во Бугарија имаше исто така големи поплави. Најголеми последици годинава земјава имаше од поплавите во мај, кога беше поплавен црноморскиот регион, а загинаа 12 луѓе.

Циклонот „Талија“ кој овој пат го зафати Балканот, ја одмина Македонија, а краткотрајниот пороен дожд не предизвика големи штети.

Прашањето со кои метеоролозите сега се занимаваат е: Дали катастрофалните поплави се последица на климатските промени кои во иднина би можеле почесто да се повторуваат. Експертите сметаат дека е можно поедини случаи да се доведат во директна врска со климатските промени. Неколкудневните силни врнежи во Европа минатат година, пред се’ во Германија, во Англија минатата зима и сега на Балканот, се вклопуваат во разни климатски теории.

Постои страв дека временските услови во кои има низок воздушен притисок, би можеле да се повторуваат се’ почесто. Додека во педесетите години од минатиот век вакви услови имало помеѓу осум и десет пати годишно, во следните 100 години би можело да биде и двојно повеќе. Тоа би значело ситуација каква годинава имаше на Балканот.