Балканот во бело

Првиот снег пристигна на Балканот. Снегот започна да паѓа уште во текот на вчерашниот ден, а денеска цела Србија се пробуди завеана.

Во Белград зимските служби реагираа брзо, така што немаше некои големи проблеми на патиштата. Се очекува цел ден да биде облачно и студено со снег, а некаде може да наврнат и 15 см..

Во некои краеви во Србија, сообраќајот е отежнат поради замрзнатиот дожд и ниските температури и снег.

Метеоролизите најавуваат дека снегот ќе паѓа во текот на денот, а се очекува висината на снежната покривка да биде до 20 см.

Обилни снежни врнежи има и во Хрватска, каде што снегот прави проблем на одредни патни правци.