Балканската турнеја на Могерини се претвори во дебакл и катастрофа

Могерини

Европската унија, повеќе од очигледно е дека ја губи својата популарност во земјите на Балканот, а доказ за тоа е последната балканска турнеја на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.

Посетата на Могерини на регионов, наместо да вроди со плод и да биде конструктивна, ја одбележаа дузина скандали и се претвори во катастрофа и дебакл.

Високата претставничка ЕУ првата своја непријатност ја доживеа во Црна Гора. Таму опозицијата го бојкотираше нејзиниот говор во Парламентот, па таа се обрати во полупразна сала, или како што тамошните медиуми јавија, „им зборуваше на празни столови“.

Тажна сум што гледам празни седишта и што опозицијата не го прифати барањето да ни’ се приклучат. Не само затоа што парламентот е срце на демократијата, туку затоа што поддршката за интеграција во ЕУ ја преминува партиската линија, рече Могерини во Црна Гора.

mog

Таа по престојот во Подгорица, според планираната агенда, требаше да ја посети Босна и Херцеговина. Но, нејзиниот авион не слета на сараевскиот аеродром, наводно поради лоши временски услови, односно густа магла. Дали ова навистина е така, или пак е само изговор останува мистерија, бидејќи деновиве на целиот балкански полуостров временските услови се добри, поточно сончево е и ведро. Како и да е, Могерини воопшто не допатува во БиХ, а претходно закажните средби со членовите на Претседателството, Младен Иваниќ, Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ, и со претседавачот на Советот на министри, Денис Звиздиќ, и со министерот за надворешни работи, Игор Црнадак, не се одржаа.

Како и да е, следната нејзина дестинација беше Македонија. При посетата на нашава земја, приоритет на агендата на Могерини, по се’ изгледа дека беше средбата со претставниците на невладиниот сектор во земјава, бидејќи прво што направи седна на маса со нив. Состаноците со претседателот Ѓорге Иванов и со претставниците на политичките партии, за неа очигледно беа помалку важни од разговорот со невладинте организации, иако Македонија е во голема и длабока политичка.

Но, по средбите во Македонија, од изјавите на Федерика Могерини, може да се забележи нејзино отворено заземање на страна на една политичка опција, а не беше прикриена ниту нејзината конфронтација со претседателот Иванов, околу неговата одлука да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да формира Влада.

Побарав од претседателот да го следи напредокот и да ја преиспита неговата одлука во интерес на сите граѓани во земјата и, како што Уставот вели, да му го додели мандатот на кандидатот кој припаѓа на партијата која го има мнозинството во Собранието, истакна Могерини по средбата со Иванов.

mogerini-ivanov

Македонскиот Престедател, од друга страна, и’ порачаа на високата претставничка на ЕУ, Унијата јавно и јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Македонија и да се осуди спорната албанската платформа.

Со пост-изборната платформа се руши Уставот и Охридскиот рамковен договор, а Македонија се доведува во положба на потчинетост и зависност од друга држава. Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава, рече Претседателот Иванов.

По нејзините пораки во Македонија, се п0ставува прашањето дали Могерини го познава Уставот подобро од Иванов и неговиот тим од правни советници, порди грубото мешање во ингеренциите на претседателот и негирање на исправноста на неговата одлука.

Од друга страна, високата претставничка на ЕУ воопшто и не ја спомна т.н. Платформа на Албанците. Могерини не ја осуди платформата, ниту изрази став околу тоа. Оттука се поставува прашањето дали онаа народната дека „молчењето е согласност“, како да всушност е скроена за овој случај?

Очигледно за неа како претставник на ЕУ, флагрантното мешање на една држава во внатрешните работи на друга, е дозволено.

За време на нејзината посета на Скопје, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ го организираше досега најмасовниот мирен марш на улиците во Скопје, а истовремено протести на десетици илјади граѓани имаше и во уште 13 градови во Македонија.

5-2

Оттука Могерини замина во Србија, а со тоа нејзината турнеја продолжија да ја следат скандали и непријатности. „Топлото добредојде“ или студен туш и’ се случи во Белград, во српскиот Парламент. Поточно во моментот кога таа требаше да држи говор во српското Собрание, пратениците на српската радикална партија, чиј лидер е Војислав Шешељ, и’ скандираа:„Србија, Русија, не ни треба Унија!“.

Дел од српските пратеници ја пречекаа со транспаренти на кои беше испишано: „Србија не му верува на Брисел“.

srbija

Лидерот на оваа партија, Војислав Шешељ, вчера најави дека нема да и’ дозволи на Могерини да говори во српскиот парламент.

Интересно е да се напомене и дека при влегувањето во Парламентот на Србија, Федирика Могерини беше дочекана со тивко аплаудирање, додека пристигнувањето на српскиот премиер Александар Вучиќ, пратениците го поздравија со громогласен аплауз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.