Балкански медиуми: 90.000 граѓани вечерва го поддржаа Груевски

Српски „Телеграф“ пренесува дека на денешниот митинг кој се одржа пред Собранието на Република Македонија имало 90.000 граѓани.

„Масовен народен собир во организација на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски се одржа вечерва во Скопје. Според нашите информации околу 90 илјади граѓани излегоа и дадоа поддршка за актуелната Влада“, пишува српски Телеграф.

telegraf-rs1

Понатаму во текстот се наведува дека имозантните фотографии кои доаѓаат од Скопје покажуваат дека Никола Груевски и понатаму ужива убедлива доверба кај македонскиот народ.

„Не само што Заев никогаш нема да биде премиер, туку нема да биде ниту градоначалник на Струмица. Македонија нема да дозволи да биде премиер некој кој сака да и ја скрши кичмата, порача премиерот“, пренесува српски Телеграф.

Откако опозицијата вчера доживеа фијаско на протестот пред Влада, каде присуствуваа околу 18 илјади граѓани, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вечерва покажаа зошто се владејачка партија. Македонскот народ повеќе од очигледно застана крај партијата која веќе девет години е на власт и која не ја изгуби поддршката, туку истата стана уште посилна и постабилна“, пишува порталот.

На парламентарните избори пред само една година Груевски и ВМРО-ДПМНЕ победија со 200 илјади гласови разлија во однос на опозициската СДСМ.

И други регионални портали, информираа за денешниот масовен народен собир и за големата поддршка што премиерот Никола Груевски ја ужива кај мнозинството граѓани на Македонија.

pr

pr2

pr3

 

Груевски: На Македонија не и треба премиер кој краде и лаже

Со ваков насов, српскиот „Нови магазин“ го запечатува текстот за денешниот граѓански митинг за поддршка на владата.

„Груесвки му порача на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, дека на вечерашниот митинг е доказ тој не успеал да ја урне владата со монтирани снимки и терористички банди. Македонија не е ни Груевски, ни Заев. Македонија нема да дозволи да има премиер којјавно бара од народот да ја свитка кичмата, туку мра да има премиер кој ќе се бори да најде достоинствено решение за проблемите“, пишува порталот .

 

ovaa

И српскиот портал „Курир“ , ја пренесе атмосферата на денешниот масовен граѓански собир за поддршка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се наведува изјавата на премиерот Груевски дека Македонија нема да се предаде и дека Македонија е силна.Podrška premijeru Grujevskom: Proključalo Skoplje

kurir