Балкански медиуми: Според анкетите ВМРО-ДПМНЕ има огромна предност, Заев продолжува со дестабилизација преку „обоена револуција“

Резултатите од анкетите, особено оние меѓународните, во Македонија во голема мера се потврдуваат, вели во својата анализа реномираната словенечка новинарка Каварна Хајек, која пишува за повеќе медиуми, пренесува „Курир“.

Хајек ја анализира состојбата во македонската политика и очекуваните резултати од изборите кои следуваат, поткрепувајќи го својот текст со анкетите кои го мерат рејтингот на партиите и докажуваат во кого македонските граѓани имаат најмногу доверба.

-Во Македонија на пример, каде што се објавуваат исто така анкети на јавното мнение од американскиот републикански институт ИРИ и меѓународната агенција Галуп, споредбено резултатите од анкетите и изборните резултати покажува дека предизборните анкети веродостојно го прикажуваат исходот од изборите, односно вистинското мислење на граѓаните. И затоа на таквите објавени анкети им се верува. На пример, меѓународните институции ги објавија резултатите од последните анкети според кои владејачката ВМРО-ДПМНЕ има два пати поголем рејтинг од опозициската СДСМ, претседателот на владеачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има три пати поголема поддршка од претседателот Зоран Заев лидерот на опозицијата. Читателот чита и врз база на искуството од претходните години, кога анкетите го отсликале изборниот резултат, верува и излегува на гласање. По своја волја. За едните или за другите. И изборните резултати како по правило уште еднаш ги потврдуваат резултатите од анкетите на јавното мнение, пишува новинарката.

hrvatski-medium-anketi-640x755

И другите медиуми од регионот ги анализираат рејтинзите на македонските политички партии и нивните лидери, користејќи ги како најрелевантни истражувањата за јавното мислење спроведени изминатиов период. Новинарите кои се потпишуваат зад ваквите текстови констатираат дека анкетите покажуваат огромна предност на ВМРО-ДПМНЕ, а опозицискиот лидер Заев кој има далеку помала поддршка од Груевски, продолжува со дестабилизација преку „обоена револуција“.

Хрватскиот новинар Бабиќ објави пообемна анализа на сите случувања кои претходеа и кои треба да следат на македонската политичка сцена. Посебен акцент става и на замешувањето на странците, како и на спонзорите и менторите на Заев.

Koja e причината за играта на Зоран Заев и вмешувањето на ЕУ, САД и разни амбасадори и понижувачкиот избор за амбасадор на ЕУ во Скопје, анонимусот Аиво Орав, кој наводно е „меродавен“ да ја оценува слободата на медиумите во Македонија. Зошто не се кажува вистината. Зоран Заев и неговите спонзори прават се за да не се одржат изборите, затоа што на сите им е јасно дека СДСМ ќе изгуби. Во спротивно Зоран Заев и неговите ментори би се согласиле на избори во април и не би ги одложувале до јуни под бесмислени изговори, а сега па и повеќе. Нив тоа им беше јасно уште во декември минатата година, кога според анкетата на Галуп на следните избори се предвидува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски останува политичарот со најголема доверба меѓу граѓаните со поддршка од високи 32,2 %, а додека пред три месеци Зоран Заев имаше доверба од 9,1 % од испитаниците. Според истражувањето, 70,2 % од Македонците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од 11,2% кои веруваат во Заев и СДСМ. 55,9 % од испитаниците веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, додека 12,1 % веруваат дека ќе победи СДСМ. Поаѓајќи од фактот дека македонските гласачи на изборите најверојатно својата потпора ќе ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, истражувањето беше насочено на прашањата кои се однесуваат на овие две политички партии. На прашањето „За која партија сметате дека има поголема поддршка од граѓаните“ 70,2% сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, 11,2% се изјасниле за СДСМ, а 3% одбиле да одговорат, додека 15,7% изјавиле дека не знаат, стои во неговиот текст.

sobir-gragani-vmro-640x360

Хрватскиот новинар објавува анализа со поднаслов: Заев и Груевски ги покануваат луѓето да им се придружат.

Во исто време лидерите на двете најголеми политички партии, Никола Груевски и Зоран Заев, ги повикаа граѓаните да им се придружат, првиот на изборна победа, вториот на бојкот на изборите. Зоран Заев, лидерот на СДСМ, на прес-конференција повика на широк граѓански фронт за ослободување на Македонија, на кој ќе се приклучат коалициските партнери, политичките партии, невладините организации, здруженија, синдикати, интелектуалци, професори и други. Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, го повика народот да му се придружи и да го поддржува, а оние кои не сакаат да учествуваат на изборите, рече дека тоа е нивно слободно право. „Опозицијата нема аргументи и бега од избори. Не е вистина дека медиумите не се регулирани, не постојат проблеми ни со избирачките списоци, а Заев со евентуалните заплашување на гласачите треба да се обрати кај Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи, бидејќи не смее да има заплашување на гласачи. Услови за избори има и изборите ќе се одржат. Секој може да учествува или да не учествува на овие избори и да се чувствуваат слободни. Ова е начин како функционира демократијата. Повеќемина одлучуваат”, изјави Никола Груевски. Меѓутоа, Заев продолжува да инсистира на тоа дека не постојат услови за избори и уште еднаш споменува попис на гласачите, медиумите и одвојување на партијата и државата, објавено е во хрватските медиуми.