Македонија

Балкански шоуа еден тон, превод на македонски малку послабо!

Балкански шоуа еден тон, превод на македонски малку послабо!

Странски емисии и ТВ шоуа се повеќе се емитуваат на најгледаните македонски телевизиски канали. Но, загрижува моментот дека истите се емитуваат без синхронизација, преведувач или титлови на македонски јазик.

Со една од измените на Законот за авторско право и сродни права кои се во корист на авторите и нивните авторски права кои беа воведени минатата година е предвидено во програмите на телевизиските организации вкупно осум часа неделно да се пушта вокална и инструментална музика од македонски автори. Формално оваа законска одредба се почитува и квотата од осум часа е исполнета, но најчесто тоа се практикува во доцните вечерни или пак раните утрински часови, кога гледаноста, процентно е најниска.

Затоа може да се каже дека иако законската одредба е испочитувана од страна на телевизиите, гледачите во Македонија се гладни.

Започнавме со шпански, па продолживме со индиски и турски серии, зачинети со балкански емисии за готвење и шоуа во кои кандидати се обидуваат да станат турбофолкери, кои секојдневно се емитуваат по неколку часа. Одреден дел од публиката сака да ги следи ваквите програми, меѓутоа не целата публика може да се поистовети со нив.

За жал, поинтересни се странските шоуа и емисии од забавен карактер кои најчесто се емитуваат во ударен термин на нашите најгледани ТВ програми. За нив не ретко може да се констатира дека превод на македонски јазик нема. Меѓутоа сето ова – крадени реалити шоу, музичките емисии, како и увезените серии всушност се последица на аматерска сопствена продукција, односно немањето инвентивност, што резултира со бледи копии без превод.

И додека во соседна Србија, дури и македонските естрадни уметници се обврзани со договор во текот на емисијата да говорат на српски јазик, кај нас не претставува никаков проблем гостите тоа да го прават на нивниот мајчин јазик, а за тоа воопшто и да нема превод, или пак само да се нафрлат неколку реченици на македонски, наводно како објаснување „што сакал да каже писателот“.

Дали на овој кич ќе се стави крај оставаме да одлучи Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуги.