Балкански спа-објекти ќе бидат претставени во Скопје

Спа-објекти од осум балкански држави кои се номинирани за балкански спа награди (Balkan Spa Awards Nominations)вечерва ќе бидат претставени во Скопје.

Настанот го организира Меѓународната организација Spa nominations и покрај од Македонија, учествуваат и номинации од Турција, Романија, Грција, Србија, Бугарија, Косово и Албанија.

Од нив ќе бидат избрани финалните номинации за добитници на наградите. Изборот на најуспешните е во категориите: спа дестинација, спа хотел – зимен/летен/ресорт, спа центар, спа изградба и опрема, спа менаџер, спа продукт и спа инвестиција.

Номинираните објекти кои влегуваат во конкуренција за добитници на наградите во соодветните категории ќе ги избере меѓународно жири составено од експерти од осум балкански држави.

Номинациите ќе ги претстави Силвија Паскалева, европски спа експерт и претседател на меѓународното жири. Настанот ќе се одржи во хотелот „Русија“ во општина Аеродром.