Балкан

Балканците најмалку расположени да им помогнат на луѓето кога се во неволја

Балканците најмалку расположени да им помогнат на луѓето кога се во неволја

Од земјите во регионот, најподготвени да им пружат помош на другите се граѓаните на Косово, кои се наоѓаат на 78-мо место од вкупно 135 земји, кои што биле опфатени со ова истражување. На Косово, 28 отсто од граѓаните покажале подготвеност да помогнат, одвојувајќи дел од своето време и пари.

Потоа следи Босна и Херцеговина, која се наоѓа на 109-тото место, каде што 21 отсто од жителите се подготвени да им помогнат на луѓето на кои што тоа им е потребно.

Македонија е 118-тото место, бидејќи 19 отсто од испитаниците рекле дека ќе ја понудат својата помош доколку е потребно, а по неа следат Србија на 123-тото место, три места подолу е Црна Гора, Албанија и Хрватска која е рангирана зад Албанија.

Од земјите во поширокиот регион, најподготвени на помош се жителите на Словенија, која се наоѓа на 44-то место, а потоа следи Унгарија на 78-то, Словачка на 101-то, Романија е четири места подолу. Бугарија е 118-тото, а Грција на 135-тото место.

На европско ниво, земјите кои што се најмногу подготвени да им помогнат на другите се Ирска, Велика Британија, Холандија, Норвешка, Малта, Швајцарија, Австрија, Исланд, Италија и Германија.

На глобален план, според ова истражување, најподготвени да помогнат се жителите на САД, каде високи 61 отсто од граѓаните се подготвените да се најдат на другите кога се во неволја.

„Клучна причина за порастот на процентот на Американци подготвени да им помогнат на другите е поголем кај Американците кои што сакаат да им помогнат на странците кои доаѓаат во САД“, се наведува во истражувањето.

Од 20 најдобро рангирани земји во поглед на подготвеноста на нивните граѓани да им помогнат на други, осум се европски, а шест се од Азија.

Истражувањето покажа дека во 2012 година на глобално ниво е забележан пораст на бројот на лица кои сакаат да донираат пари, да волонтираат или да им помогнат на странците во нивната земјиа, и покрај фактот дека минатата година глобалната економија забележа пад од четири на 3,3 отсто.

Резултатите од ова истражување се собирани на основа на податоци од агенцијата за истражување на јавното мислење „Галуп“ на примерок од 155.000 испитаници од 135 земји во светот, односно околу 4,9 милијарди лица или вкупно 94 отсто од светската популација.