Балотели доаѓа во Вардар!

Бразилец кој има 27 години и чие презиме е исто како оној славниот Марио го засилува првакот на денот кога ќе се добие противникот во ЛШ, објави Македонски спорт.

Вардар во нападот добива играч со звучно презиме. Балотели ќе биде засилување за „црвено-црните“ редови. Да, Балотели доаѓа во скопскиот тим, ама не оној Марио, оној славниот којшто играше во големи клубови и којшто беше италијански репрезентативец. Не е ниту Џон Обрегон, играчот којшто е на проба и којшто е „копија“ со вистинскиот Балотели. Овој кој треба да дојде во Вардар е Џонатан. Цело име му е Џонатан Боарето дос Реис Балотели.

baloteli-vardar-640x428

Има 27 години и тој ќе биде засилување во офанзивата на првакот. Висок е 1.85, и игра со десната нога. Работата е веќе готова, и треба само да се приклучи на екипата во Австрија. Со тоа, конечно шампионот да го добие она по кое беше во потрага, а тоа е голгетер. Дали овој Балотели ќе биде барем блиску до квалитетите на оној вистинскиот кој сите го познаваат, останува да се види.

Џонатан Балотели е играч којшто минал многу клубови во Бразил. Од Виторија-Пе, преку Фрибугуенсе, Пескеира, Макае, Аудакс, Калдас Новас во последните шест месеци минал во редовите на Трабалхадоре.

varadr

Договорот што Балотели ќе го потпише со Вардар е во траење од две години. По долга потрага „црвено-црните“ добиваат класичен голгетер којшто ќе треба да биде засилување во нападот за настапите во Лигата на шампионите, но и за првенствените дуели од идниот шампионат. Балотели ќе биде задолжен за голови, и останува само да се види со какви квалитети располага и дали ќе одговори на предизвикот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.