Балотели е татко на малата Пиа

Најконтроверзниот фудбалер на денешницата, најголемата ѕвезда во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели, на својот официјален профил кој го има на познатата социјална мрежа “Твитер” напиша дека најпосле пристигнале резултатите од Тестот за татковство и истоте потврдиле дека малата Пиа е негова ќерка.
“Најпосле ја дознав вистината. Пиа…мојата слатка ќерка. Твојот татко”, напиша Балотели на својот официјален профил.
Бомбардерот постојано бараше да биде извршен ДНК тест, а јавно ја критикуваше и поранешната девојка, италијанскиот супер модел Рафаела Фико.
Веднаш откако дозна дека е бремена Фико изјави дека Марио е татко на нејзиното дете кое е родено на 5 декември 2012 година.