Видео: Балотели ги налути навивачите на Ливерпул

Навивачите на Ливерпул веќе го губат трпението со Марио Балотели, откако засилувањето од Милан никако не успева да го потврди својот фудбалски талент, а и вечерва не дојде во ситуација да ја затресе мрежата на Икер Касилјас.

Актуелниот европски шампион победи на „Енфилд“ со убедливи 3:0 и тоа со голови постигнати во првиот дел, а италијанскиот репрезентативец заработи многу критики од фановите на социјалните мрежи, па и од медиумите поради потегот кој го направи на полувремето.

Супер Марио го размени својот дрес со Пепе, потег кој според неговите критичари бил несоодветен по такво лошо издание и посебно во ситуација кога неговиот тим бил понижен во првите 45 минути.