Бразил2014

Балотели ги напали репрезентативците на Англија

Балотели ги напали репрезентативците на Англија

Точно на полноќ ќе стартува вториот дерби натпревар на јубилејното 20. Светско првенство, пресметката помеѓу големите ривали од групата “Д”, репрезентациите на Италија и Англија.

Најновата статистика јасно покажува дека тука улогата на фаворит ќе и биде доделена на Италија која пред две години, во 1/4 финалната рунда од ЕП 2012, го елиминираше “Гордиот Албион”, после подоброто изведување на ударите од белата точка.

Најголема опасност пред англискиот гол сигурно ќе биде контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели кој додатно ја вжешти атмосферата со изјавата дека Англија нема тим кој може да ја освои светската титула и тим кој може да и биде дораснат на Италија.

„Не гледам на Англија како на тим кој може да ја освои титулата. Имаа неколку добри фудбалери, но овој тим не може да биде противник на Италија. Нема да кажам дека Италија е фаворит, но ние го имаме потребниот менталитет, го имаме потребното искуство. Англија нема таков менталитет, нема такво искуство. Убеден сум дека ќе славиме на премиерата”, изјави Балотели.