Балотели му подари победнички старт на Кларенс Сидорф

Со минимална победа во дуелот против новајлијата во елитното друштво, тимот на Верона, легендарниот репрезентативец на Холандија, Калренс Сидорф, ја стартуваше својата авантура како нов тренер на италијанскиот калчо гигант Милан.

Единствениот погодок на натпреварот, постигнат во 82 минута, беше дело на контроверзниот напаѓач на „росонерите”, Марио Балотели, кој на најдобар можен начин го изведе ударот од белата точка.

„Пред да почне натпреварот, во соблекувалната формиравме круг, и ветивме дека истото ќе го направиме и после секој натпревар без разлика дали сме победиле или загубиле. Сакам сите да се погледнеме во очи. Сите сме одговорни, секој фудбалер сноси некаква одговорност. Оваа победа им ја посветувам на сите фанови на Милан. Многу сум среќен, среќен сум поради моите фудбалери. Има уште многу работа, но мојата работа е многу полесна после секоја победа”, изјави Сидорф.

Еден бод на незгодното гостување во Болоња, освои тимот на Наполи, а просечен настап до 62 минута, забележа поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.

Минимален но максимално непријатен пораз на гостувањето во Џенова, запиша тимот на Интер.

Резултати: Удинезе – Лацио 2:3, Аталанта – Калјари 1:0, Катанија – Фиорентина 0:3, Џенова – Интер 1:0, Болоња – Наполи 2:2, Киево – Парма 1:2, Сасуоло – Торино 0:2, Милан – Верона 1:0.