Балотели нема да мрдне од Сан Сиро

Мино Раиола, најпознатиот фудбалски агент на денешницата откри дека неговиот клиент, контроверзниот напаѓач на италијанскиот калчо гигант Милан, Марио Балотели нема да си замине од “Сан Сиро” за време на летниот преоден рок.

„Добив јасна порака од челниците на Милан. Ми кажаа дека Балотели не е за продажба. Знам дека ќе има многу шпекулации околу иднината на мојот клиент, но последниот збор го имам јас и мојот клиент. Се брои само мојот глас и гласот на мојот клиент. Јас сум претставник на Марио и јас што ќе кажам тоа е точно. Разговарав и со потпретседателот на Милан, Адријано Галијани. Лично ми кажа дека Марио не е за продажба и јас сум многу среќен поради таквиот став на Галијани. Од овој момент, па се до 31 август, ќе слушнете многу шпекулации, но јас не гледам никаков проблем, веќе сум навикнат,“ изјави Раиола.