Балотели останува во „Ница“

Италијанскиот фудбалер Марио Балотели се врати во Ница откако му пропадна трансферот во „Олимпик“ Марсеј. Популарниот „Супер марио“ доцнеше две недели на подготовките на својот тим, па по враќањео тренира самостојно.

Балотели се врати вчера во тренинг центарот на „Ница“.Откако се состана со стручниот штаб италијанскиот напаѓач одработи индивидуален тренинг на теренот, а потоа и во сала, соопштија од клубот.
Италијанецот веќе две сезони игра за „Ница“. Тој неодамна беше виден во тренинг центарот на „Олимпик“, но на крајот не постигнал договор за трансфер.

Балотели има договор со „Ница“ до крајот на сезоната 2018/2019. Останува да се види како Италијанецот ќе соработува со новиот тренер патрик Виеира.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.