Балотели: Ова не е дуел помеѓу Марио и Луис

На неколку часа до официјалниот старт на најважниот дуел во групата “Д”, пресметката помеѓу директните ривали за втората позиција, репрезентациите на Италија и Уругвај, контоверзниот напаѓач на “азурите”, Марио Балотели изјави дека ова нема да биде дуел помеѓу Балотели и Суарез.

“Тука не станува збор за дуел помеѓу двајца фудбалери, дуел помеѓу индивидуалци. Тука станува збор за дуел помеѓу две репрезентации кои сакаат пласман во следната рунда. Италија е подготвена за борба, подготвена е за преживување. Доволно сме мотивирани. Ќе бидам посреќен доколку не постигнам погодок, а мојот тим осигура пласман во 1/8 финалната рунда. Убеден сум дека во оваа насока размислува и Луис Суарез”, изјави напаЃачот на Милан.