Балотели паузира само 10 дена

Клупскиот доктор на италијанскиот калчо гигант потврди дека повредата која контроверзниот напаѓач Марио Балотели ја заработи на првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, против Атлетико (М) не е од посериозна природа и дека истата бара мирување во следните 7 до 10 дена.

„Станува збор за повреда на десното рамо и истата бара мирување во следните 7 до 10 дена, а можно и побрзо да се врати на зелениот терен доколку нема некоја посериозна компликација за време на рехабилитацијата. Балотели сепак нема да биде во комбинација за следниот првенствен натпревар против екипата на Сампдорија”, изјави професорот Алесандро Кастања.

Многу полошо помина малдиот десен бек, Матиа Де Шиљо кој заработи посериозна повреда на десниот сочен зглоб и најверојатно нема да може да тренира во следните 20 дена.