Балотели рипна во тавче

Контроверзниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели, ја искористи познатата апликација “инстаграм”, за да се пофали дека неговата девојка, познатиот белгиски модел, Фани Негуша, ја прифатила понудата за брак.

Напаѓачот на Милан веќе неколку дена престојува во Бразил каде со репрезентативните колеги се подготвува за првиот официјален натпревар од групната фаза, дуелот против селекцијата на Англија.

Освен дека добил позитивен одговор, Марио го покажа и вереничкиот прстен, а под сликата остави порака за најверните негови фанови.

“Кажа ДА. Најважното ДА во мојот живот. Го добив најпосакуваниот одговор. Те сакам, а да не заборавам, Среќен роденден. Многу си ја сакам мојата жена”, напиша бомбардерот на Милан.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.