Балотели се преселил во Англија поради Болт

Светскиот рекордер и олимписки шампион во спринт Јусеин Болт, е човекот на кој навивачите од Англија или од Италија треба да му бидат благодарни.

Како и да е, Марио Балотели се преселил на „Енфилд роуд“ токму поради атлетичарот од Јамајка.

Италијанскиот фудбалски репрезентативец од Апенините на Островот се пресели за 16 милиони фунти, а Болт е задоволен што бил ангажиран околу зделката.

„Разговаравме и му кажав дека Англија е најдоброто место за фудбал. Ќе бидам среќен ако одмора против Манчестер Јунајтед“, вели Болт, кој што навива за тимот на менаџерот Луи ван Гал.

Јамајканецот нагласува дека холандскиот фудбалски стручњак заслужува доверба и трпение од челниците и од навивачите.

„Ќе треба да се биде трпелив, како и да е, ќе се подобри. Јунајтед ќе биде на врвот, меѓу четирите најдобри состави. Ќе ја освои Премиер лигата или ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите“, истакна Болт за медиумите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.