Балотели се закани дека нема да игра за Италија

Италија е повторно во центартот на фудбалското внимание, но сега поради големиот скандал кој се случи во Фиренца каде националниот тим ги стартуваше подготовките за престојниот Мундијал во Бразил.

Првиот ден од подготовките, за жал, ќе биде запаметен по расистичкото однесување на една помала група „фанови”, кои беа непријателски настроени кон најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес, контроверзниот напаѓач на Милан, Марио Балотели.

Само што пристигна во спортскиот центар, Балотели беше пречекан со навредливите зборови како „црно ѓубре”, а после неколку минути, Марио го прекина тренингот и се закани дека веднаш ќе си замине од репрезентацијата и дека никогаш повеќе нема да настапува за Италија.

„Вакво нешто секогаш ми се слуцчува во Рим и во Фиренца. Тука секогаш има будали на кои им смета мојата боја на коќа, поради што веќе не знам дали сакам да играм за репрезентацијата на Италија”,  изјави напаѓачот на Милан.

Големиот скандал го осуди и претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Џанкарло Абете, кој додаде дека станува збор за помала група на навивачи чие однесување е неприфатливо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.