Балотели сепак ќе продолжи со Ливерпул

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели нема да си замине од редовите на Ливерпул за време на летниот преоден рок, потврди неговиот агент Мино Раиола.

Популарниот „Супермарио“ постигна само еден гол во Премиерлигата во цела сезона и е предводник на најлошиот тим во англиската елита оваа година. Постоеја шпекулации дека тој ќе си замине од “Енфилд роуд” за време на летниот преоден рок, но неговиот агент Мино Раиола го демантира тоа и вели дека тој ќе остане уште една сезона во таборот на “црвените”.

“Марио нема да си замине од Ливерпул. Дефинитивно, тој останува овде и наредната сезона, неговата иднина е на Енфилд роуд”
, изјави Раиола во интервју за “Скајспортс”.

Во редовите на Ливерпул, црномурестиот Италијанец пристигна од Милан за 16 милиони фунти.