Балотели си побара бакнеж од кралицата на Велика Британија

Контроверзниот репрезентативец на Италија, Марио Балотели, повторно ги наполни сите спортски страници во светските медиуми но сега со сензационалната изјава дека ако неговата репрезентација слави во денешниот дуел против Костарика, ќе побара бакнеж од кралицата на Велика Британија.

Иако го загубија и натпреварот против директниот ривал за втората позиција во групата „Д”, селекцијата на Уругвај, репрезентативците на Англија се уште имаат теоретски шанси за пласман во следната фаза, но потребно е вечерва „Аѕурите“ да ја совладаат Костарика. Во секоја друга ситуација Англија ќе го заврши настапот на Мундијалот во групната фаза прв пат по повеќе од половина век.

Своето барање Балотели го објави на Твитер профилот.