Балотели со својот првенец во Премиер лигата му донесе победа на Ливерпул

Дури по шест месеци престој во Ливерпул, Марио Балотели постигна гол во Премиер лигата.

Иако му требаа 13 натпревари за првенецот во најсилното англиско фудбалско друштво, сепак погодокот има огромна тежина, бидејќи беше победоносен, а уште повеќе што победата дојде против директниот конкурент за место во Лигата на шампионите, Тотенхем.

Во 74-тата минута Марио Балотели влезе во игра на местото на Стариџ, а во 83-тата минута погоди за победа на Ливерпул.

“Црвените” од “Енфилд” со оваа победа собраа 42 бода, еден помалку од Тотенхем кој се наоѓа на шестото место.

Премиер лига, 25.коло:

Вторник:

Арсенал – Лестер 2:1

Хал – Астон Вила 2:0

Сандерленд – КПР 0:2

Ливерпул – Тотенхем 3:2

Среда:

Манчестер Јунајтед – Барнли

Саутемптон – Вест Хем

Челзи – Евертон

Стоук – Манчестер Сити

Кристал Палас – Њукасл

Вест Бромвич Албион – Свонси