Балотели во Интер?

Менаџерот на Марио Балотели, Мино Рајола ги понудил услугите на својот клиент на Интер, откако се повеќе станува јасно дека за него место во Ливерпул нема.

Познато е дека Роберто Манчини го цени напаѓачот и неговите квалитети, но познато е и тоа дека Балoтели од доаѓањето во Ливерпул постигна само два гола. Воедно, познато е дека навивачите на Интер не го сакаат во тимот и се противат на враќањето на Супер Марио на „Џузепе Меаца“.

„Газета дело Спорт“ објави дека тој во јануари ќе биде достапен за позајмица, а на лето ќе може потполно да биде откупен неговиот договор. Останува да се види дали Интер ќе го ангажира овој фудбалер, покрај негодувањата на нивните фанови.