Свет

Бан: Бројот на сириските бегалци достигна 2,3 милиони

Бан: Бројот на сириските бегалци достигна 2,3 милиони

За само две недели бројот на бегалци од вооружениот конфликт во Сирија се зголеми за околу 100.000 и достигна цифра од 2,3 милиони лица, соопшти генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, пренесе МИА.

Во обараќње на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен, Бан нагласи дека хуманитрана помош им е потребана на над 9,3 милиони лица во Сирија.

„ОН очекуваат меѓународната заедница да покаже великодушност и да им ги спаси животите и да им ги намали страдањата на овие милиони лица“, потенцира Бан.

Според проценките на ОН, доколку конфликтот во Сирија не прекине, да крајот на годината бројот на сириски бегалци ќе надмини над четири милиони лица. Светската организација превидува и дека за задоволување на основните потреби на Сиријците ќе бидат неопходни околу 6,5 милијарди долари.

На донаторската конференција за Сиирја што се одржва во Кувајт кон средината на минатиот месец, донаторите најавија дека за спроведување на хуманитани мисии ќе обезбедат вкупно 2,4 милијарди долари.