Бан: Да прекинат воените конфликти за време на Олимпијадата

Во своето обраќање до Меѓународниот олимписки комитет (МОК), генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун повторно повика на почитување на „олимпиското примирје“ за време на Зимските олимписки игри, пренесе радио „Голос России“.

„Повторно и повторно го повторувам својот повик до сите завојувани страни, да ги прекинат борбите во периодот на игрите“, изјавил генералниот секретар на ОН.

Тој ги споменал конфликтите во Сирија, Централноафриканската република и Јужен Судан. Според него, примирјето може да обезбеди испорака на хуманитарна помош, што ќе го спаси животот на многу настрадани лица.

Повик за „олимписко примирје за време на Олимпијадата во Сочи, исто така упати Министерството за надворешни работи на Русија, што беше наменето главно кон земјите во сирискиот конфликт.