Балкан

Грција и кредиторите ќе постигнат прифатливо решение

Грција и кредиторите ќе постигнат прифатливо решение
Бан: Грција и кредиторите ќе постигнат прифатливо решение

Генералниот секретар на Обединети нации Бан Ки-мун изјави дека се надева оти Грција и кредиторите ќе постигнат прифатливо решение за должничката криза.

Изјавата на Бан уследи по референдумот во Грција на кој граѓаните се изјаснија против предлозите на Европската унија и на Меѓународниот монетарен фонд, пренесува МИА.

Денеска во Брисел министрите за финансии на 19. земји-членки на еврозоната ќе разговараат за излез од кризата.